Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Лукашенко: Западот повеќе сака преговори со Русија отколку Зеленски

24 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Сега има можност за преговори и, ми се чини, треба да ги започнеме и да направиме план за мирно решение или завршување на војната“, рече белорускиот лидер во програмата „60 минути“ на ТВ каналот Русија 1. 

Тој оцени дека Западот не може да одбие да ја снабдува Украина со оружје „за да не го изгуби образот“.

„Не можам да вршам премногу притисок врз Зеленски, но ние им кажуваме - која е поентата да се врши притисок, само не давајте пари (на Украина)“, рече Лукашенко, додавајќи дека изјавите на Зеленски за завршување на конфликтот во Украина во 2025 година се „смешни - само негови желби и ништо повеќе".

„Зеленски нема план, тоа мора да го разберете. Никого не можете да натерате да седне на преговарачка маса под условите на Зеленски“, рече Лукашенко.

Тој посочи дека почетокот на преговорите зависи од согласноста на Русија и рускиот претседател Владимир Путин да преговара.

„Кој знае дали е добро или лошо за преговорите што Русите напаѓаат поактивно од кога било на целата линија на фронтот. Се зависи од Русите. Ако Путин и Русија се согласат на мировни преговори, да, ќе разговараат“, додаде тој и рече дека „Зеленски тогаш треба да биде подготвен“.

Претседателот на Белорусија изјави дека неговиот руски колега никогаш нема да го употреби нуклеарното оружје распоредено во Белорусија без негова согласност.

„Путин никогаш нема да го користи нуклеарното оружје што во моментов е распоредено на територијата на Белорусија без согласност на претседателот на Белорусија. Тоа мора јасно да го разберете“, истакна Лукашенко и додаде дека нуклеарното оружје не е „хорор приказна, туку моќно средство за одвраќање“.

Тој предупреди дека Белорусија, доколку е потребно, ќе биде подготвена да употреби нуклеарно оружје „ако само и една туѓа чизма ја премине границата на Белорусија“. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ