Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Кремљ: Русија задолжително ќе одговори на украинскиот напад со американски ракети АТАКМС

12 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Кремљ денеска соопшти дека руската армија „задолжително ќе одговори на неодамнешниот украинскиот напад“, врз воениот аеродром во Таганрог, во Ростовската област, со американски ракети ATAКМС, што за претседателот на Русија, Владимир Путин претставува црвена линија.

„Одговорот ќе следи. Тој ќе следи во момент и на начин што ќе се смета за соодветен. Задолжително ќе следи“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на својот дневен брифинг.

Тој посочи дека руската армија вчера дала „јасна и апсолутно недвосмислена изјава во врска со тоа“.

Руското Министерство за одбрана во соопштение наведува дека таков напад „нема да остане без одговор“ и дека „ќе бидат донесени соодветни мерки“. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ