Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Кралот Чарлс стана поглавица на Самоа, го послужија со наркотичен пијалок кава-кава (ВИДЕО)

24 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На кралот му бил послужен полиран полукокос наполнет со благо наркотична кава-кава, што е еден вид пиво, објави Гардијан.

Овој благо опоен пијалок е важен дел од културата на Пацификот и локално е познат како „ава“, а поранешен вицепремиер на Австралија бил хоспитализиран откако случајно испил премногу од локалниот пијалак на слична церемонија во Микронезија во 2022 година.

„Господ да ја благослови оваа кава“, рекол Чарлс пред да ја проба напивката.

Ова е негова прва посета на островската држава на Тихиот Океан, која некогаш била британска колонија.

Кралската двојка подоцна го посети селото Моата, каде Чарлс стана „tui taumeasina“ или „висок поглавар“.

Кралот Чарлс исто така е во Самоа на состанокот на шефовите на влади на Комонвелтот што се одржа во Апија, каде што ќе се избере нов генерален секретар номиниран од африканска земја, во согласност со регионалните ротации на позициите, а климатските промени ќе бидат тема на разговор за време на посетата.

Британскиот монарх е на 11-дневна турнеја низ Австралија и Самоа, независните држави каде што останува шеф на државата, што е негово прво големо патување во странство откако претходно оваа година му беше дијагностициран рак.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ