Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Кинескиот претседател ќе присуствува на Самитот на Шангајската организација за соработка

30 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека претседателот Си Џинпинг од 2 до 6 јули ќе присуствува на 24-тиот Самит на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Астана, како и дека ќе престојува во службена посета на Казахстан и Таџикистан.

На веб-страницата на кинеското Министерство се наведува дека посетата на Казахстан и Таџикистан ќе биде организирана по покана на раководствата на тие држави од Централна Азија.

Политичката и безбедносната групација Шангајската организација за соработка беше основана од Кина и Русија во 2001 година./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ