Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Кина ги осуди обвинувањата на САД за кибер напади врз американското Министерство за финансии

31 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Постојано го изразуваме нашиот став за таквите неосновани обвинувања што немаат докази“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг на редовната прес-конференција во Пекинг.

Американското Министерство за финансии претходно денеска, во писмо испратено до членовите на Претставничкиот дом, објави дека биле погодени од кибер напад на почетокот на декември, но дека не биле загрозени никакви доверливи документи.

Според писмото  напаѓачите биле насочени кон неколку работни места во министерството, и користеле софтвер од американската компанија BeyondTrust. Нападот бил извршен, „според достапните индикации“ од актер „зад кој финансиски стои Кина“. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ