Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Харис: Постигнат е одреден напредок во врска со договорот за прекин на огнот во Газа

9 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Американската потпретседателка и кандидат за претседател на Демократската партија, Камала Харис денеска изјави дека е постигнат „извесен напредок“ во договорот за прекин на огнот во Газа, но дека напредокот е „бесмислен“ доколку навистина не се постигне договор.

„Треба да постигнеме прекин на огнот и договор за заложниците што е можно поскоро“, рече Харис во телевизиското шоу CBS, пренесе Ројтерс.

Харис во неделата рече дека Вашингтон ќе изврши притисок врз Израел и другите страни во регионот на Блискиот Исток да постигнат договор за прекин на огнот во Газа.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ