Имено, куче се ослободило од кафезот во кое се наоѓало и го оштетило багажниот простор на Airbus A319 (рег. 9A-CTL), објави Авиорадар.
Според нив, кучето согласно прописите било пренесено во багажниот простор, а набрзо по качувањето се ослободило од кафезот. Екипажот слушнал бучава и куче како трча во багажниот простор, а авионот бил вратен на пистата, а патниците биле симнати и префрлени во друг авион. По увидот на штетата што ја направило кучето во багажниот простор, превозникот одлучил како превентивна мерка да го извади авионот од сообраќај и да го испрати на технички преглед за да ги заменат оштетените делови.
- Се утврдуваат детали и околности. Засега може да се потврди дека компанијата ги почитувала хрватските и меѓународните законски прописи и соодветната внатрешна процедура за транспорт на животни во авионот како подготовка за превоз на кучето на летот OU486 Загреб - Стокхолм.
„Поради одредени оштетувања во багажниот простор на авионот планиран за летот ОУ486, донесена е одлука авионот превентивно да се извади од употреба и да се испрати на технички преглед, а патниците од наведениот лет се превезени до нивната крајна дестинација истата вечер со нашиот заменлив авион - изјавија од Кроација ерлајнс.