Илон Маск уште еднаш се најде во центарот на вниманието, особено на српската јавност, откако во една своја објава го спомна научникот Никола Тесла.
Тој зборуваше за неговата компанија, која се вика „Тесла“.
„Тесла е именуван по Никола Тесла, еден од најголемите инженери на сите времиња. Тој беше имигрант без пари, чии пронајдоци ја доведоа Америка да доминира во производството и употребата на електрична енергија“, напиша Маск на X.
Оваа негова објава има над 30 милиони прегледи и голем број лајкови и коментари.
Да потсетиме, Елон Маск малку порано на платформата Х најави дека корисниците треба да престанат да донираат на Википедија, посочувајќи дека „координирана кампања предводена од околу 40 уредници на Википедија доведе до делегитимирање на Израел...“
Според неговото мислење, донациите за Википедија треба да се прекинат бидејќи платформата дозволила да биде злоупотребена и контролирана од „левоориентирани“ активисти.
Ова не е прв пат Маск да ја нападне Википедија за наводни злоупотреби, а во октомври 2023 година предложи „непристојна“ понуда на платформата.