Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Хаос на аеродромот во Франкфурт поради трехнички дефект, откажани бројни летови

4 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Проблемите беа предизвикани од дефект во германскиот систем за размена на податоци за контрола на летање, што предизвика прекини во воздушниот сообраќај на еден од најпрометните аеродроми во Европа.

Како што пренесуваат локалните медиуми, ситуацијата сега е под контрола, но прекинот предизвикал верижна реакција, што резултирало со многу незадоволни патници. Поради овие настани во Франкфурт имало големи гужви и долги редици патници, додека бројни летови беа одложени или конечно откажани.

Ситуацијата дополнително се усложнува до крајот на Октоберфест, поради што аеродромите во Германија, особено Минхен, се соочуваат со зголемен прилив на патници. Извршниот директор на Луфтханза, Карстен Спор, дури изјави дека аеродромот во Минхен во моментов е еден од најлошите во Европа, поради долгите доцнења и недостатокот на персонал.

Се очекува состојбата да се стабилизира во наредните денови, но на патниците им се препорачува да ги следат најновите информации и да бидат подготвени за потенцијални доцнења.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ