Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Казахстан ќе ја испрати црната кутија од урнатиот азербејџански авион во Бразил

30 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Комисијата за истрага на авионската несреќа на 25 декември во Казахстан, предводена од министерот за транспорт Марат Карабајев, соопшти дека Казахстан ќе ја испрати црната кутија од урнатиот азербејџански авион во Бразил, објави казахстанска новинска агенција.

Во согласност со Анекс 13 на Конвенцијата од Чикаго, државата што ја истражува авионската несреќа мора да обезбеди анализа на црните кутии и е одговорна за изборот на држава за читање и дешифрирање црни кутии.

Во 1992 г Казахстан ја ратификуваше конвенцијата. Земјата е исто така членка на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ