Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Јермак: Преговори со Русија се можни под услов да се врати ситуацијата од 23 февруари 2022 годи

27 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во напис за холандскиот весник „Дагенс индустри“ Јермак оцени дека плодни преговори се можни само доколку сите завојувани страни имаат желба да го прекинат конфликтот.

„Покрај тоа, неопходно е да се вратиме на ситуацијата како што беше барем на 23 февруари 2022 година. Тоа ќе биде почетна точка за натамошен договор, бидејќи дел од Украина беше окупиран пред тој датум“, посочи Јермак.

Тој додаде дека Русија се уште не покажала знаци на подготвеност за преговори, бидејќи таа продолжува да ескалира.

„Путин распореди 11.000 севернокорејски војници на границата со Украина. Русија лансираше хиперсонична ракета со среден дострел во Дњепропетровск минатата недела, а Путин се закани дека ќе изврши нови напади, покажувајќи уште еднаш дека Москва не е заинтересирана за мир“, рече Јермак за украинската агенција Униан.

Според него, многу е важно да се зголеми меѓународната поддршка за Украина, бидејќи Русија ќе биде подготвена за вистински преговори само кога ќе види дека нејзината сегашна стратегија пропаднала.

„Дипломатијата нема перспектива без поддршка со сила... Време е да се примени тој концепт, чија ефикасност е докажана низ историјата“, истакна украинскиот функционер, пренесе агенцијата „Униан“./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ