Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Израелската армија ќе регрутира илјади ултраортодоксни Евреи

18 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Со децении, ултраортодоксните Евреи беа ослободени од воена служба, но владата не успеа да изгласа закон за продолжување на ослободување од воениот рок, што истече претходно оваа година. Врховниот суд минатиот месец пресуди дека мажите треба да бидат регрутирани.

Израелската армија, под притисок на војната во Појасот Газа, оваа година планира да регрутира 3.000 строго религиозни мажи во три фази.

Многу Израелци, исто така, сметаат дека е неправедно што ултраортодоксните Евреи досега биле ослободени од воена служба и опасни воени активности.

Многу членови на ултраортодоксната заедница сметаат дека воената служба е спротивна на нивниот религиозен начин на живот, делумно поради фактот што мажите и жените служат заедно. Изминатите недели илјадници ултраортодоксни Евреи протестираа против регрутацијата. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ