Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Илегален мигрант е обвинет за масовно силување деца на мирен остров во Масачусетс

13 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Бразилецот Варлеи Нето, кој илегално престојува во САД од 2018 година, е обвинет по пет точки за силување на дете и подведување дете помладо од 16 години.

Како што пренесува „Дејлимејл“, американските и имиграциските служби биле испратени на островот за да го уапсат Нето.

Минатата година овој илегален имигрант бил уапсен во Едгартаун под обвинение за давење, напад врз член на домаќинството. Тој добил една година затвор, но големата порота ги врати обвиненијата за силување деца.

Според официјалните лица, Нето илегално влегол во Соединетите држави во близина на Пасо Дел Норте, Тексас во март 2018 година. Следниот ден, граничната патрола на Соединетите Држави му врачила известување да се појави пред судијата за имиграција на Министерството за правда, кој го ослободил од притвор три дена подоцна.

Во јуни 2023 година, Окружниот суд во Едгартаун го прогласи Нето за виновен и го осудиле на 364 дена зад решетки, но ги суспендирале сите освен 90 дена од казната.

„Варлеи Нето се тврди дека постојано напаѓал деца во Масачусетс и тој претставува значајна закана за безбедноста на нашето соседство“, рече Тод Лајонс, директор на имиграциските операции на терен.

Тој посочи дека премногу често се случувало локалните судови да донесат ослободителни пресуди за опасни престапници. На 24 октомври Нето повторно ќе биде изведен пред суд.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ