Социјалдемократската
партија на Германија (СПД), Зелените и Слободната демократска партија (ФДП)
предложија 23 февруари за датум за предвремени парламентарни избори, пренесоа
германските медиуми.
По распаѓањето на
коалицијата, тешко дека претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, кој конечно
одлучува за датумот на изборите, ќе се спротивстави на предлогот, наведува
„Тагесшау“.
Сега останува да
се разјасни кога германскиот канцелар Олаф Шолц ќе побара од Бундестагот
гласање за доверба на владата.
Очекуваниот пораз
во гласањето за доверба ќе го поттикне процесот на нови избори.
Се очекува Шолц
да побара од Бундестагот гласање за доверба на 16 декември, пишува германскиот
весник.
Минатата недела
германската канцеларка го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер, по
што пропадна таканаречената „семафорска коалиција“.
Анкетите покажуваат
големо водство на ЦДУ/ЦСУ чиј рејтинг е поголем од заедничкиот рејтинг на трите
владејачки партии, што укажува на тоа дека Мерц ќе ја предводи идната германска
влада.