- Денеска романската држава ја погази демократијата. Заедно со народот направивме историја и време е да покажеме дека сме храбар народ, изјави синоќа Георгеску во обраќањето на телевизискиот канал „Реалитатеа“. Тој додаде дека корумпираниот систем склучил „пакт со ѓаволот“, а тој има само еден пакт – со романскиот народ и Бога.
Уставниот суд ја поништи изборната победа на Георгеску откако разузнавачките служби презентираа безбедносни документи кои покажуваат дека изборната кампања била дел од хибридни напади координирани од странска држава.
На новинарско прашање за можноста да му биде забрането повторно да се кандидира, Горгеску рече дека ќе оди пред највисокиот суд и дека веќе се преземени активности во таа насока.
- Ако девет судии, колку што има во Уставниот суд, одлучуваат спротивно на волјата на 19 милиони луѓе, тогаш тоа не е реално, заклучи тој.
Вториот круг на изборите требаше да се одржи на 8 декември, но поништувањето значи дека целиот процес ќе се повтори. /МИА