Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Франција и Велика Британија повикаа на деескалација на ситуацијата во Либан

30 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро го повика Израел да не врши копнена инвазија на Либан, додавајќи дека Франција ќе ја зголеми поддршката за либанската армија.

„Го повикувам Израел да се воздржи од каква било копнена инвазија и да го прекине огнот. Го повикувам Хезболах да го стори истото и да се воздржи од какви било активности што би можеле да го дестабилизираат регионот“, изјави Баро за време на посетата на Либан.

Истовремено, Британија ги повика сите земји да бараат деескалација и прекин на огнот по израелските воздушни напади во Либан.

„Ние силно го поддржуваме правото на Израел да се брани. Но, нашата многу јасна порака сега е сите страни да покажат воздржаност“, рече портпаролот на премиерот Кир Стармер.

„Мора да се избегне секоја понатамошна ескалација. Прекинот на огнот ќе го обезбеди потребниот простор за изнаоѓање политичко решение што е потребно за да се обезбеди мир во регионот“, рече тој.

Германија соопшти дека веќе го евакуирала несуштинскиот персонал од својата амбасада во Либан, заедно со семејствата на вработените и медицинските ранливи германски граѓани./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ