Силно невреме го погоди централниот брег на Калифорнија, предизвикувајќи големи бранови и поплави.
Улиците и трговските центри се под вода. Еден маж загина на плажа бидејќи го затрупале разни предмети, додека три лица завршиле во океанот!
Невремето донесе урагански ветрови и бранови до 18 метри од Калифорнија до северозападниот дел на Пацификот.
Некои градови во Калифорнија наредија евакуација на хотелите и куќите на плажа, бидејќи синоптичарите предупредија дека океанските бранови придружени со силна бура ќе продолжат да се зголемуваат во текот на денот.