One of the passengers on Azerbaijan Airlines Flight 8243 sent a video to his wife just minutes before the crash.
— BNO News Live (@BNODesk) December 25, 2024
In the video, passengers are heard praying and some oxygen masks are already down. pic.twitter.com/dGqnyXSPGU
На снимката од падот на авионот на Азербејџан ерлајнс, во која загинаа 38 лица, се гледаат сомнителни дупки на трупот, што предизвика гласини дека авионот е соборен.
Како што пишува „Дејли мејл“, според податоците на Flight Radar 24, авионот го прелетал Дагестан покрај брегот на Каспиското Море, по што исчезнал од радарите, што сугерира дека можел да биде изложен на системи за противвоздушна одбрана во Русија.
Патем, некои од руските аеродроми каде што несреќниот авион можеше да се обиде принудно да слета тогаш беа затворени бидејќи областа беше нападната од украински беспилотни летала.
Околу еден час подоцна, авионот повторно се појави надвор од планираната рута, летајќи ниско над водата во западен Казахстан, пред да се урне.
Како што е познато, авионот на компанијата „Азербејџан ерлајнс“ се урна во средата во близина на градот Актау во Казахстан со 67 патници и пет членови на екипажот, соопштија казахстанските власти.
Авионот летал на релација од Баку, Азербејџан до Грозни, Русија, но бил пренасочен поради магла. Се урна во близина на аеродромот Актау во западен Казахстан.