Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Две тела се најдени во изгорен автомобил во Шведска, претходно биле застрелани

17 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Возачот и сопатникот, кои од Данска преминале во градот Малме на југот на Шведска, биле застрелани во неделата, пишува весникот „Афтонбладет“, а пренесува Гардијан.

Во индустриската област во Малме е запален автомобилот Toyota RAV4, кој што бил изнајмена на аеродромот во Копенхаген.

Познато е дека автомобилот го изнајмил државјанин на Велика Британија, а шведскиот форензички тим работи на идентификација на жртвите.

Полицијата одбила да коментира дали убиствата се поврзани со групното насилство во Шведска, но Интерпол наводно е вклучен во истрагата бидејќи жртвите ги преминале меѓународните граници за време на нивните патувања.

Во последниве години, Шведска бележи зголемување на насилството меѓу криминалните банди кои се борат за шверц со оружје и дрога, а, според Гардијан, Шведска има втора највисока стапка на смртност од криминал со оружје во Европа, по Албанија.

Во 2022 година во Шведска имало 391 престрелка, од кои 62 биле фатални.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ