Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Две лица се застрелани во полициска акција во Нова Каледонија

19 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тоа е 13-то лице што почина од почетокот на кризата, што беше предизвикана од контроверзната изборна реформа која беше замрзната во јуни.

Канак стравуваат дека промените на изборните правила ќе ја намалат нивната изборна тежина, што ќе го отежне организирањето и победата на евентуалниот иден референдум за одвојување на Нова Каледонија од Франција. Париз, од своја страна, останува на ставот дека планираната мерка, која предвидува давање право на глас на локалните избори на поголем број претставници на француската заедница во Нова Каледонија, ќе помогне да се зајакне демократијата на прекуокеанската територија.

Во јуни, претседателот Емануел Макрон привремено се откажа од контроверзниот план за реформи, но насилството сепак продолжи, иако со спорадични избувнувања.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ