Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Дете падна од 13. кат на крузер и загина, трагедијата се случила на роденденска забава (ВИДЕО)

12 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Неколку илјади луѓе се наоѓале на џиновскиот брод за крстарење, еден од најголемите во светот, додека се приближувал до пристаништето Главстон, Тексас, на крајот од своето седумдневно патување околу Западните Кариби.

Очевидци наведуваат дека момчето си играло со пријателите непосредно пред да падне преку балконот во внатрешниот дел од Централниот парк на бродот. Станува збор за плоштад полн со барови, пабови и ресторани, објави „Дејлимејл“.

Персоналот од Royal Caribbean, кој е сопственик на бродот, се обидел да го реанимира момчето, но тој починал од повредите пред бродот да се закотви во Главстон.

„Мојата ќерка се дружеше со него и рече дека бил вознемирен денес“, објави Сара Тулас на Фејсбук страницата на патниците, додавајќи:

„Таа е толку вознемирена. Посакувам да знаев што го мачи.“

Пријателите рекоа дека момчето било на бродот со своето семејство, вклучително и две сестри, на роденденска забава. На патниците кои чекале да се качат во Галвстон за следното крстарење на бродот, им било кажано дека ќе мора да почекаат додека истрагата продолжи на бродот.

Компанијата во соопштение потврди дека во крузерот имало смртен случај и дека персоналот бил во контакт со семејството. Компанијата одбило да објави повеќе информации, но шокираните сведоци рекоа дека момчето паднало од семејната кабина на палубата 14 во атриумската палуба во Централ Парк нешто пред 17 часот во саботата.

Очевидци наведуваат дека тоа попладне врнело и дека балконите биле влажни.

Бродот од француска конструкција бил најголемиот брод за крстарење во светот кога беше поринат во 2016 година. Има капацитет да прими повеќе од 7.000 патници на 18 палуби.

Ова не е прв смртен случај на овој брод. 16-годишно момче загинало кога паднало од балкон, откако случајно се заклучило на осми кат.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ