Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Детали за терористичкиот напад во Анкара, во кој загинаа 5 лица, а 22 се повредени

24 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Наводно, целата терористичка мисија ја организирала неименувана двојка, кои отишле на „извидување“ пред почетокот на терористичкиот напад.

Како што рече министерот Јерликаја, нападот се случил во 15 часот и 26 минути. Двајцата терористи, маж и жена, кои го извршиле нападот, биле неутрализирани од специјалните единици, рече министерот.

„Го истражуваме идентитетот на напаѓачите и ќе биде објавен веднаш штом ќе го откриеме, како и која терористичка организација го извршила нападот“, рече тој.

Бројот на загинатите во терористичкиот напад се искачи на пет, уште 22 лица се повредени, а двајца се во критична состојба, изјави тој за новинарите.

Тој додаде дека извршителите на нападот „најверојатно“ биле членови на Курдистанската работничка партија (ПКК).

Иако владата на Ердоган официјално не ја именуваше ПКК како организација зад терористичкиот напад, ХаберТурк објави дека напаѓачот, роден во 1992 година во областа Бејтушебап, бил член на ПКК од 2016 година.

Како што пренесува Хуриет, парот пред нападот извршил истражување на областа и во прилог на тоа објавиле фотографија на која наводно се прикажани маж и жена како се прегрнуваат и ги „набљудуваат“ безбедносните мерки на ТУСАС.

Според верзијата што ја пренесоа турските медиуми, мажот настрадал во размена на оган со обезбедувањето на објектите, додека жената се разнела со граната кога открила дека не може да го избегне апсењето.

Турските медиуми ги објавија имињата и фотографиите на жртвите од терористичкиот напад: Захиде Гучлу, машински инженер во TUSAS; Џенгиз Чошкун, менаџер за контрола на квалитет во TUSAS; Хусеин Чанмаз, работник во TUSAS; Атакан Сахин Ердоган, офицер за безбедност и Мурат Арслан, таксист кој бил убиен од терористите пред да влезе на влезот на ТУСАС.

Познато е дека Захиде Гучлу, мајка на две деца, починала во моментот кога пристигнала пред капијата на објектите на ТУСАС за да ги земе цвеќињата кои нејзиниот сопруг ѝ ги испратил за годишнинат од бракот.

Турските медиуми пишуваат дека таксистот Мурат, кој прв загинал, се сретнал со терористите 45 минути пред нападот кога влегле во неговото такси и му рекле „сакаме да одиме во центарот на Анкара“.

За неколку минути од возачот било побарано да застане на пауза и го застрелале. Неговото безживотно тело го ставиле во багажникот и продолжиле кон Анкара.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ