Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Десетици црни пантери пустошат низ селата во Британија, најдена е нивна ДНК на жртвите

12 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Професорот Робин Алаби тврди дека околу стотина предатори се на слобода и се шетаат по британските села во регионите: Питерборо, Норфолк, Ворчестершир, Манчестер, Северен Јоркшир, Камбрија, каде што нашол докази - ДНК на големи диви мачки, пишува Thesun.

Овој експерт од Универзитетот во Ворвик анализирал примерок од овца во Лејк Дистрикт во Камбрија и открил ДНК од родот Пантера која потекнува од лав, леопард, тигар, јагуар или снежен леопард. Остатоците од мртвите овци биле откриени од Шерон Ларкин-Сноуден во Камбрија минатиот октомври. Шерон зела брис од трупот и му го испратила на експертот за големи мачки Рик Минтер. Минтер му го предал примерокот на професорот Алаби кој го анализирал примерокот во неговата лабораторија и пронашол ДНК на лисици и пантери, по што објавил дека овците биле изедени и од лисица и од некоја голема дива мачка, како леопард.

„Со доказите што ги имаме, со 99 проценти сигурност велам дека се работи за голема дива мачка. Секогаш оставам еден процент простор за можноста да се покаже дека е грешка, без разлика колку доказите се убедливи“, рече Алаби. , додавајќи дека сепак не е лесно да се лажираат такви докази.

Врз основа на резултатите од ДНК анализата, многу е веројатно дека пантерите моментално шетаат низ селата во Велика Британија, а анализата за одржливост на популацијата покажува дека минималниот број на овие животни е веројатно од 50 до 100 единки.

Лабораториските анализи потврдија дека ДНК навистина припаѓа на голема мачка од родот Panthera.

Рик Минтер тврди дека резултатот од ДНК анализата од Камбрија покажал дека на телото на овцата била пронајдена свежа плунка од голема дива мачка. Шерон Ларкин-Сноуден всушност видела црн леопард како лута во близина на местото на настанот додека таа земала докази за анализа.

Може да се заклучи дека во Британија случајно се појавил сој на црни леопарди кои убивале елени во тамошните шуми, поради неодговорното ослободување на забранети видови миленици кои тајно се чувале во домовите.

Полицијата во Камбрија редовно добива извештаи за црна мачка од типот на пантер што шета низ езерскиот регион.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ