Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп одржал неколку телефонски разговори со премиерот на Унгарија Виктор Орбан по победата на претседателските избори на 5 ноември, соопштија извори на унгарскиот сервис на <a href="https://www.slobodnaevropa.org/a/tramp-tra%C5%BEio-orbanov-stav-o-ratu-u-ukrajini-ka%C5%BEu-izvori-rse/33221767.html">Радио Слободна Европа (РСЕ). </a>
Извори од унгарската влада рекоа дека Трамп побарал мислење од Орбан за завршување на војната во Украина, која трае откако Русија го нападна нејзиниот сосед во февруари 2022 година.
За време на претседателската кампања, Трамп ги критикуваше милијардите долари што САД и ги испратија на Украина откако Русија почна да ја напаѓа Украина.
Тој постојано изјавува дека би можел да ја заврши војната во рок од 24 часа по повторното влегување во Белата куќа.
Орбан, кој одржува коректни политички врски со рускиот претседател Владимир Путин и Трамп, ја критикуваше помошта на Европската унија (ЕУ) за Украина и не воведе санкции против Москва.
Според унгарската служба на РСЕ, унгарскиот премиер, наводно, би можел да замине во мировна мисија за ставање крај на војната во Украина во декември.
Изворите сугерираат дека тоа би можело да вклучи пренесување на пораките на Трамп до Зеленски, Путин и кинескиот претседател Кси Џинпинг.
И покрај критиките од Брисел, Орбан отпатува во Москва во јули за да се сретне со Путин по патувањето во Киев со предлог за прекин на огнот за украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Потоа отпатува за Кина и на крајот во САД за да се сретне со Трамп, кој во тоа време беше на кампањата.