Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Блинкен: Вашингтон двојно ќе ги зголеми напорите за прекин на конфликтот во Газа

18 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Шефот на американската дипломатија, државниот сектретар Ентони Блинкен, изјави дека Вашингтон во наредните денови двојно ќе ги зголеми напорите за прекин на конфликтот во Појасот Газа по смртта на водачот на палестинската вооружена група Хамас, Јахја Синвар, пренесоа британските медиуми.

-Во последниве месеци Синвар постојано ги отфрлаше напорите на САД и нашите партнери за прекин на оваа војна преку договор што ќе ги врати заложниците кај нивните семејства и ќе ги олесни страдањата на палестинскиот народ, рече Блинкен.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, во изјава дадена во претседателовиот авион „ЕР Форс 1“ на пат за Германија, изјави дека „работата мора да продолжи за да се осигура дека смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар,навистина ѝ го нанесе долгорочниот удар на оваа милитантна група, што сите би сакале да го видиме“.

Саливан додаде и дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не ги постигна зададените цели бидејќи заложниците киднапирани од милитантите на Хамас минатата година, сè уште не се вратиле во своите домови.

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, рече дека САД ќе се обидат да го истуркаат предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците.

Милер на редовен брифинг со новинарите потврди дека Вашингтон видел можност да го прекине конфликтот по смртта на Синуар.

-Во изминатите неколку недели немаше преговори за завршување на војната бидејќи Синуар одби да преговара, додаде тој.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ