Германската министерка ја увери Украина за континуирана поддршка во пресрет на претстојната трета зима на војна и тековните руски напади врз инфраструктурата.
-Германија, заедно со многу партнери ширум светот, цврсто стои на страната на Украина. Ќе ги поддржуваме Украинците се додека им требаме за да можат да го следат нивниот пат кон праведен мир, рече Бербок.
Министерката утрово со специјален воз пристигна во главниот град на Украина. Тоа е осмо патување на Бербок во Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.