Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Бајден: Нема да поддржиме израелски напади на иранските нуклеарни постројки

3 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Одговорот е не“, им рече Бајден на новинарите на прашањето дали ќе поддржи таква одмазда откако Иран во вторникот истрела речиси 200 балистички проектили врз Израел, според АП.

Американскиот претседател разговараше со лидерите на Г7 (САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Велика Британија) за координација на новите санкции против Иран, а по тие телефонски разговори Белата куќа објави дека лидерите на Г7 „категорично го осуди иранскиот напад врз Израел“.

„Ќе разговараме со Израелците за тоа што ќе направат, но сите седуммина (земјите од Г7) се согласуваме дека имаат право да одговорат... но тие треба да одговорат пропорционално“, им рече Бајден на новинарите, пренесе Ројтерс.

Бајден рече дека ќе бидат воведени нови санкции кон Иран и додаде дека наскоро ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Очигледно е дека Иран тргна далеку од курсот“, нагласи тој.

Иран завчера лансираше повеќе од 180 балистички ракети кон Израел, потег што Бајден претходно го опиша како „неефикасен“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека Иран ќе плати за нападот.

Некои аналитичари велат дека одговорот на Израел најверојатно ќе биде поостар овој пат, сугерирајќи дека Израел би можел да ги таргетира иранските нуклеарни или нафтени постројки.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ