Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Бајден не им препорачува на Израелците да планираат напад на нафтените полиња во Иран

4 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Бајден на брифингот во Белата куќа им рече на новинарите дека САД во моментов размислуваат за воведување санкции кон Иран, објави Ројтерс.

Тој додаде дека тимовите на САД и Израел се во постојан контакт.

Вчера, Бајден, на новинарско прашање дали ќе го поддржи Израел да ги нападне нафтените резерви на Иран како знак на одмазда за масовниот ракетен напад врз Израел во вторникот, рече дека разговорите се во тек.

Тој претходно изјави дека не поддржува израелски напад врз иранските нуклеарни постројки.

Иран во вторникот лансираше повеќе од 180 ракети врз Израел, велејќи дека тоа е одмазда за убиствата на милитантните водачи, како и за агресијата во Газа и Либан.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека Иран ќе плати за нападот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ