Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Бајден: Камала Харис ќе си го зацрта својот пат како претседател

16 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Харис, актуелната потпретседателка и демократски претседателски кандидат на изборите на 5 ноември, беше критикувана од нејзиниот републикански противкандидат Доналд Трамп дека не менува ништо од политиката на актуелниот Бајден. Критиките на Трамп беа поттикнати од телевизиско интервју во кое Харис рече дека „ништо не ми паѓа на памет“ откако беше прашан која од политиките на Џо Бајден ќе ја промени.

-Секој претседател треба да си го одреди својот курс. Тоа е она што го направив. Бев лојален на Барак Обама, но јас го зацртав мојот сопствен курс како претседател, коментираше Џо Бајден на вечерата на Демократската партија во Филаделфија. 

„И Камала (Харис) ќе го направи. Досега беше лојална, но ќе си го направи својот пат“, додаде американскиот претседател.

Самиот Џо Бајден беше потпретседател меѓу 2009 и 2016 година, за време на двата претседателски мандати на Барак Обама.

Од почетокот на својата кампања, 59-годишната Камала Харис се обидува да постигне рамнотежа претставувајќи се себеси како кандидат што носи промени, но без да ги негира политиките на администрацијата на Џо Бајден. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ