Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Бајден го потпиша законот за привремено финансирање на федералните агенции

21 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Пакетот ја финансира владата на сегашното ниво до 14 март и вклучува 100 милијарди долари помош при катастрофи и едногодишна сметка за земјоделството, објави Ен-би-си.

Белата куќа во соопштението наведе дека законот е потпишан, но дека Бајден се уште јавно не се изјаснил по објавувањето.

Прес-секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, вчера изјави дека Бајден го поддржал нацрт-законот усвоен од Конгресот.

Законот не содржи одредба за суспендирање на лимитот на долгот, што беше едно од барањата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој инсистираше проблемот со долгот да се реши во наредните месеци.

Сенатот го усвои нацрт-законот за финансирање во текот на ноќта, набргу откако беше усвоен од Претставничкиот дом.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ