Неименуван египетски државјанин ранил четири лица со нож во близина на италијанскиот град Римини, меѓу кои и една постара двојка, пред карабинерите да пукаат во него и да го убијат, објави денеска агенцијата АГИ.
Маж синоќа со нож избодел 18-годишен млад човек додека купувал цигари во Вила Верукио, во близина на Римини, по што на лице место биле повикани карабинерите.
Потоа нападнал постар брачен пар и девојка, пред да се обиде со нож да избоде член на карабинерите, кој го застрелал напаѓачот и го усмртил.
Засега не е познат мотивот за овој напад.