Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Австриец е уапсен во Јапонија поради бизарен прекршок- во локален храм имал однос со Јапонка

5 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Двојката била уапсена на 22 август во светилиштето во Кесеннума, мал крајбрежен град на околу 500 километри северно од Токио.

Полицијата го уапсила мажот затоа што се плашеле дека може да побегне, но не и жената затоа што утврдиле дека немало ризик за бегство. И двајцата се соочуваат со обвиненија за сквернавење место за богослужба. Мажот во меѓувреме е пуштен од притвор, а полицијата се уште не соопштува дали станува збор за странски жител или турист, објави Си-Ен-Ен.

Ова не е прв пат некој да биде уапсен во Јапонија поради непочитување на светилиштата, иако таквите случаи се ретки. Минатата година, 17-годишен Канаѓанец беше приведен затоа што го издлабил името „Џулијан“ со ноктот во дрвениот столб на храмот на листата на УНЕСКО во историскиот град Нара.

Во 2010 година, фотографот Кишин Шинојама беше обвинет за нарушување на јавниот ред и мир и сквернавење на свето место кога, наводно, фотографирал голи луѓе на јавни гробишта.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ