Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Австралија на нозе: Се бара маж, кој поли бебе со жешко кафе- има изгореници по телото (ВИДЕО)

2 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Деветмесечното бебе имало втора операција во петокот, откако се здобило со изгореници на лицето и телото во случаен напад во парк во Бризбејн.

Родителите биле со бебето во болница од инцидентот во вторникот, додека полицијата трага по напаѓачот, пишува Daily Mail.

Момчето за прв пат одело без помош само неколку часа пред да го попарат на пикник во паркот, рекоа неговите родители.

"Имав напад на паника синоќа, се плашам дека ќе повреди некој друг бидејќи е на слобода. Ако може да му го направи ова на невино бебе, може да направи нешто многу полошо", рекла мајката.

Полицијата трага по напаѓачот, но се уште не го знае неговиот идентитет. Се надеваат дека некој ќе го препознае од фотографиите кои ги објавија.

„Ве молам, јавете ако го препознаете овој човек“, апелираше мајката.

Момчето е во болница, во стабилна состојба, но следната недела ќе има уште операции.

Мајка се надева дека лично ќе ѝ се заблагодари на медицинската сестра која помогнала во паркот, носејќи го нејзиниот син во блискиот стан за да го истушира ​​откако минувачите го полеале бебето со ладна вода.

За момчето беше покрената и GoFundMe кампања која досега собрала 93.000 долари.

Во моментот на нападот мажот носел очила, кошула, шорцеви и црна капа.

Се верува дека е на возраст од околу 30 до 40 години.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ