Страшна трагедија се случи на Божиќ кога мајка (39) од Германија со непознат алат си ги убила двете малолетни деца на возраст од шест и седум години.
Откако ги убила децата, жената се обидела да се самоубие.
Крвавиот настан се случила околу 3 часот и 30 минути на Божиќ, а полицијата за трагедијата била известена од сведок. Тој наводно ја пронашол повредената жена во семејната куќа во областа Розенхајм во Баварија.
Неколку патролни возила веднаш се упатиле кон куќата во улицата Краинштрасе. Полицајците тогаш ја откриле Германката и безживотните тела на нејзините деца.
За жал, медицинските служби не успеале да ги оживеат децата, па можеле само да констатираат смрт, пишува Билд.
Оружјето што го користела за време на убиствата засега не е детално опишано, а мајката е префрлена во болница каде што се лекува под полициска придружба.
Според лекарите, состојбата на жената е стабилна, а нема индиции дека во делото е вмешано уште едно лице.
На местото на злосторството, во семејниот дом, има кризни екипи на Црвениот крст кои се грижат за членовите на семејството и полицијата врши увид.
Засега не е познат мотивот заради кој мајката ги убила нејзините две деца.