Во јавноста се
појави извештај за цивилната и воената подготвеност на Европа, во кој се
наведува дека жителите на ЕУ треба да соберат залихи од неопходните потреби во
случај на избувнување на војна или некоја друга голема опасност.
Извештајот го
напишал поранешниот фински претседател Саули Ниинисто, кој е специјален
советник на претседателот на Европската комисија.
Тој посочува дека
ЕУ не била подготвена за пандемијата на Ковид-19, ниту за војната на Русија со
Украина, поради што е крајно време да се работи на подготвеност наместо да се
реагира на последиците, пишуваат медиумите.
Во документот се
наведува дека ЕУ треба да ги советува граѓаните да бидат подготвени за најмалку
72 часа независно функционирање во случај на вонредна состојба.
Земјите-членки
советуваат на граѓаните да им се дадат насоки за складирање на залихи,
евакуација и како да пристапат до службите за итни случаи. Наведени се различни
потреби што треба да ги имаат домовите во случај на итност, како што се храна,
пијалок, лекови, светилки и радија на батерии.
Целта на овој
извештај е да ги подготви граѓаните на ЕУ за вонредни ситуации како што се нови
пандемии, екстремни временски услови или војна. Иако руската агресија не се
наведува како единствена можна закана, таа се наведува како главен проблем.
Немаме јасен план
што ќе направи ЕУ во случај на агресија врз земја членка. Воената закана од
Русија за европската безбедност нè принудува да ја третираме како главен
проблем, без да ги потценуваме другите потенцијални закани“, се вели во
извештајот.
Тој понатаму
пишува дека заканата од руска агресија најмногу ја чувствуваат нејзините
непосредни соседи, но дека секоја руска акција против земја-членка ќе влијае на
сите 27 земји од блокот.
Територијалниот
интегритет и политичката независност на секоја земја-членка е нераскинливо
поврзана со интегритетот и политичката независност на другите земји-членки и на
ЕУ во целина“, се наведува во соопштението.
Се предлагаат и
други мерки, како што е издвојување на најмалку 20 отсто од вкупниот буџет за
зголемување на безбедноста и подготвеноста за кризни ситуации. Извештајот од
165 страници беше претставен на претседателката на Европската комисија Урсула
фон дер Лајен во средата.