Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

26 лица се уапсени во меѓународна полициска акција во Србија, Романија, Финска и Естонија

18 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Од вкупно 26 уапсени во акцијата, 11 се приведени во Србија, 14 во Романија, а едно лице е уапсено во Финска. Тие се приведени поради сомнение за сторени кривични дела формирање криминална група, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични супстанции, перење пари и неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.

Во соопштението на српското МВР се наведува дека претставниците на таа меѓународна организирана криминална група најверојатно набавувале големи количини лекови преку трговската компанија „Гаги Фарм“. Лековите се на листата на контролирани психоактивни супстанци. Потоа, групата ја презентирала фиктивната продажба на лековите во трговските компании „Емафарм“ и „Лазарекс“ со седиште на територијата на Косово. Лековите се продавале и на територијата на Романија, Финска и Естонија.

Српската полиција од осомничените запленила околу 200.000 лекови кои се на списокот со психоактивни контролирани супстанци, оружје, околу 25.000 евра и автомобили, како и работна документација.

Во април оваа година во Србија приведени беа 10 претставници на истата криминална група. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ