Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

Затвореник баран по потерница претепал малолетник во Кочани, а нападнал и полицаец

16 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Лице барано по потерница претепал малолетник во Кочани, а потоа нападнал и полицаец.

„На 15.10.2024 во 08.45 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода В.З.(24) од Кочани затоа што физички нападнал малолетник од Кочани и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а откако бил приведен во полициска станица физички нападнал еден од нив“, инормираат од МВР.

По преземени мерки било утврдено дека тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ