За некој ден во СДСМ ќе решаваат кој ќе биде нов шеф на партијата но, посилно од обидите за победа во однос на своите противкандидати, кандидатите се фокусирани на борба против Зоран Заев.
Кандидатката за претседател Славјанка Петровска и кандидатот Јован Деспотовски јавно тврдат дека зад изборите стои екс претседателот Зоран Заев и дека ни претходниот претседател Димитар Ковачевски не победил на избори туку е “фатен за рака и донесен од Заев на чело на партијата“. Сега Деспотовски оди чекор помнатаму велејќи дека ова не е “борба помеѓу Деспотовски и Филипче“ туку против некој друг, без сомение тој “другиот“ за Деспотовски е - Зоран Заев.
<b>Кандидатот за нов лидер на опозициската СДСМ, Јован Деспотовски, објави видео во кое разговара со членови од партијата, посочувајќи им Доста е!</b>
-Партијата си има куќен ред. Од 30.6 се надевам дека ќе има нов куќен ред. Во куќниот ред ќе се договараме кои ни се ставовите и ќе се договараме кој ги пласира тие ставови. Дали ќе искачаат од зградата таму, ќе седиме овдека на улица ќе одржиме прес или ќе збориме во Собрание. Ама ќе се договориме. Ако не се почитува куќниот ред, знаеш како е редот. И тебе дома нема да те толерираат твоите ако не се однесуваш како што треба. И тоа треба да им биде јасно на сите. Јас немам проблем. Тоа отворено го кажувам. Ја имаа можноста и мене ми е навистина жал затоа што сега не ја препознаа таа прилика и да се повлечат еден чекор назад. И сега пак се вклучени во изборите. Што не беше јасно минатиот пат, седум години, десет години. Доста е! Мислам стварно е доста! Најдругарски да си кажеме значи не бива, значи знаеш како, сега со сила ги туркаме работиве. Види, ако не те сакаат дома, а нас не нѐ сакаат ни во Струмица, ни во Паланка, нигде не нѐ сакаат. И сега пак истото ќе им го вратиме на луѓево?! Знаеш каков впечаток имав? Имав впечаток дека сите околу нас точно знаат што се случува и што не треба да направиме, само ние уште не знаеме што не треба да направиме. И само ние уште глумиме лудило и си мислиме дека имаме трка во која што Јово се натпреварува со Венко. Ние уште тоа си го тераме. Ние уште мислиме дека Јово и докторот се. Не бе, не се Јово и докторот, вели Деспотовски.
Фрапантно и неочекивано од возрасни луѓе кои, патем, биле на високи функции во државата и имале приходи и привилегии од тоа, како Славјанка Петровска и Јован Деспотовски, да го знаеле сето ова, за недемократското владеење на СДСМ и внатре во партијата и со државата, а да молчеле додека имале корист од функциите и привилегиите а сега, кога е во прашање нивниот личен интерес и иднина “одеднаш се освестиле“ како стојат работите.
Едно од прашањата кои и јавноста ги има до Јован Деспотовски и Славјанка Петровска е: <b>а каде ќе бевте вие изминативе години да не ве постави на функции и водеше тој и таков Зоран Заев? И, зошто молчевте со години, гледавте какви штети, трауми и беззаконите спроведува Зоран Заев во државата а вие му бевте извршители и финансиери, како во случајот со Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации кој е еден од генераторите на корупцијата во Македонија.</b>
СДСМ, и покрај тешките порази на локалните и парламентарните избори се уште не е подготвен за реформи од внатре и си тера по старата матрица: другите не чинат, а јас сум единстевниот (или едниствената) кој е чист и со перспектива. Тоа што правеле Заев и Ковачевски е лошо, ама нивна работа јас со тоа немам ништо - а беа нивни функционери и одработувачи.
<b>Се качуваа на функции и уживаа привилегии и благодети од корупцијата на власта на СДСМ и ДУИ исклучиво по заслуга на Зоран Заев кој ги избрал а сега, повторно, врз Зоран Заев сакаат нова кариера во политиката. Пред Зоран Заев тие беа никој и ништо во јавниот живот. Дали се запрашале зошто за иден претседател на СДСМ се кандидираат само функционери до кругот на Зоран Заев, а не некои други и поинакви лица од партијата?</b>
Во СДСМ се уште веруваат и зборуваат дека ги загубиле изборите “затоа што до ДУИ играле фудбал по канцеларии, а народ тоа не сака да го гледа...“ и други слични периферни нешта, а никој од нив не се осмелуива да го каже она што јавноста го гледа, плаќа и трпи и што е причина за поразот: тешка корупција, узурпација на целиот правосуден систем, над две милијарди евра украдени со фантомски проекти како за електрични автомобили во Тетово, кражби од градбата на автопатите, на клиничкиот центар Штип, немање здравство ни книги за учениците, нарко дилери во власта и со власта... проекти на Фондот за иновации кои не постојат и пари од него поделени за партиски активисти и пропагандисти... Фудбалот во канцеларија е само финале на безобразието.
Славјанка Петровска и Јован Деспотовски, корисници на системот воспоставен од Заев, кажаа што кажаа и време е да замолчат. Или, ако мислат дека имаат храброст да водат партија, треба да зборуваат конкретно: кој е Зоран Заев и за што треба да му се суди, и од јавноста и од системот.
<b>Дотогаш, тие се должници на Зоран Заев и ќе го отплаќаат тој долг се додека тој смета дека му е потребно.</b>