Во врска со извршеното кривично дело „убиство” во петокот (01.11.2024) во скопското село Арачиново, каде што со огнено оружје беше убиен 56-годишниот локален жител С.А. (56) од негивиот 20 -годишен соселанец Х.А. (20) се здоби со прострелни рани, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје преземени се мерки и активности и притоа е утврденидентитетот на сторителите,
Според скопската полиција осомничени за злосторствоо се 23-годишниот Ш.Ш. и 31-годишниот Е.Ш., исто така, од .Арачиново. Исто така, утврдено е и возилото со кое е извршено кривичното дело „ауди А5″ со скопски регистерски ознаки, во сопственост на Е.Ш., кое е пронајдено и одземено.
На 02.11.2024 од страна на ЕНК-ОКСД во координација со ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка против Ш.Ш. за кривично дело „убиство” предвидено и казниво по член 123 од КЗ и кривично дело „убиство” предвидено и казниво по член 123 во врска со член 19 од КЗ и кривична пријава против Е.Ш. за кривично дело „убиство” предвидено и казниво по член 123 во врска со член 22 од КЗ и кривично дело „убиство” предвидено и казниво по член 123 во врска со член 19 во врска со член 22 од КЗ, при што Е.Ш. е лишен од слобода, а Ш.Ш. е во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање..
Од страна на Судија на претходна постапка на двете пријавени лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.