Сведокот
Гоце Трајковски, кој треба да сведочи на следното рочиште за убиството на Вања
„Во однос
на сведокот Гоце тој е осомничен и за друго тешко кривично дело и во моментов
тој е недостпаен. Осомничен е за палење на обејкт во кој над објектот живеат
станари, станува збор за тешко дело, каде две лица соизвршитеи се во притвор.
Тоа се случило на на 13-ти ноември и има соопштение за опожарено кафуле во
Кисела Вода“, информираше денеска обвинителот Гаврил Бубевски.
Инаку
Трајковски е поврзан со фамилијата на таткото на Вања, Александар Трајковски,
односно биле старо кумство. Сепак, иако се немале видено со години, тој прв
доаѓа во станот на исчезнатото девојче и се нуди за помош во потрагата.
Трајковски
веќе еднаш не се појави во судница, а неговата мајка Кираца Трајковска, исто
така сведок за случајот, го оправда дека имал паничен напад и висок крвен
притисок.
Според она што е
познато тој доаѓа до
клучни снимки од видео камери уште пред тие да стигнат во рацете на полицијата
и прави поврзување на двата случаи, исчезнувањето на Панче со Вања, и на двете
возила, онаа на исчезнатиот велешанец со ,,реното кангу” на партијата Десна.