Финансиската полиција денеска го уапсила директорот на
фирмата „Ритрон Копи“ која добиваше тендери на сомнителен начин од Државната
лотарија. Сопственикот со иницијали А. А е однесен во обвинителстовото на
распит, за што говореше и министерката за финансии Димитриеска Кочоска во
Собранието на пратенички прашањ<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">а,
објави <a href="https://alfa.mk/alfa-ekslkuzivno-uapsen-direktorot-na-ritron-kopi/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=alfa-ekslkuzivno-uapsen-direktorot-na-ritron-kopi">Алфа</a></span>
Државната Лотарија од оваа фирма склучила шест договори за
набавка на телевизори, комјутерска и комуникациска опрема, мултифункционални
уреди и графички станици за ТВ извлекување.
Вкупната вредност на набавките е 370 000 евра. Ајрули<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK"> според Телма</span> е внук на пратеникот
Елми Азири од ,,Европскиот фронт“, а сопственикот на оваа фирма како што
пишуваше Радио Слободна Европа има и заеднички фотографии со сега бараниот на
меѓународна потерница Перпарим Бајрами (поранешен директор на Лотарија).
Со потерница се бара и поранешниот вицепремиер Артан Груби
кој е опфатен со истата истрагa.
<a href="https://vecer.mk/makedonija/9b76ce43-4aee-47ab-9b33-02cd8fce2208"><b>„Фирма блиска на пратеникот Елми Азири од Европскиот фронт
ДОБИВАЛА ТЕНДЕРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“</b></a>