Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера имаше
работен ручек со амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија во
земјава, организиран од унгарскиот амбасадор, Андраш Клајн.
Во пријателска атмосфера се дискутираше за актуелни домашни,
регионални, европски и светски настани и процеси.
Акцентот беше ставен на македонските проблеми и препреки во
евроинтеграцијата и на потребата од креативно решение за надминување на
бугарско-македонскиот спор во духот на пријателството и добрососедските односи,
со почитување на фундаменталните вредности и принципи на ЕУ.
Претседателката ја реафирмираше својата длабока верба,
посветеност и решеност за спроведување на реформската агенда во согласност со
копенхагенските критериуми, со активно партнерство со ЕУ.
Исто така, таа укажа дека билатерализацијата и преседаните
се реална опасност за проширувањето.
Според неа, во амбиент на воени конфликти, проширувањето на
ЕУ со државите од Западен Балкан, кои природно и припаѓаат на Европа:
географски, историски и културно и водат заедничка надворешна и безбедносна
политика со ЕУ е од заеднички интерес и го јакнее нивниот имунитет кон заканите