САД испраќа јасна порака дека во политиката и институциите,
како што е судот, мора да се води сметка за нешто што во правото го нарекуваме
допрен глас. Ова е допрен силен глас, заснован на факти и докази. Не смееме
како досега да останеме мирни и така некои кои што се најдоа на црната листа,
да си продолжат со своите редовни активности, рече претседателката на државата,
Гордана Сиљановска-Давкова по новите имиња на американската црна листа со
личности од Македонија.
Ако јавните обвинители треба да постапуваат по допрес глас,
тогаш треба да постапуваат и во случајов. Во меѓународното право и односи
постојат начини како да се дојде и до тие докази и да се започне постапка овде.
Во спротивно, ние не реагираме тогаш кога мора и на тој начин го толерираме
безаконието. Очекувам судот и јавниот обвинител да почне да постапува.
Штом го прочитавме името на судијата Енвер Беџети на црната
листа, вели претседателката, сите мораше да бидеме загрижени бидејќи судот
треба да биде синоним за почитување на правото и правдата.
-Се плашам да изјавам, меѓутоа чинам дека неправдата и
владеењето на пресилни луѓе ги направиле сите институции слаби и во тој случај
се потребни и реформи и чекори во сите органи, додаде Сиљановска Давкова.