„Немојте да измислувате и шпекулирате, веднаш штом ги завршам обврските, ќе се вратам дома при моето семејство“, ќе рече нашиот денешен херој по бегството во Косово, од каде иако е „чист како солза“ во моментот се обидува да преговара укинување на доделениот притвор за само еден од неговите криминали.
Веројатно не постои друг политичар кому омразата кон Македонците на арогантната фаца му е толку очигледна, што не веруваме дека некој не се радува на сè што читаме деновиве за него. Затоа, Република ве потсетува на сите спрдачења со кои уживаше да нè понижува:
Артан Груби го запознавме во 2011 година, кога со „бујна“ долга коса се појави на Кале, каде како водич на „Шверцерите“ ги предводеше протестите на скопката тврдина откако се прочу муабет дека таму ќе се гради црква. Тогаш, иако кадар на холандската амбасада, немаше проблем со камења да фрла кон полицијата што го обезбедуваше и новинарите што известуваа за настанот.
Уште ми зуе каменот кој ми пројде покрај уво, ќе рече мој колега.
Дека костумот не го прави човека, продолжи да се докажува низ целата негова кариера. Така, еднаш Шверцер (еј, се гордеат дека се викаат шверцери!) засекогаш Шверцер. Дивјаштвото од планина, од Кале, го префрли во новиот Македонски народен театар, каде по неговата банда, која ЈА ПРОШВЕРЦУВА внатре на прославата на Денот на албанската азбука во 2019 година, останаа искинати тапацири, расклатени столчиња и откорнати орнаменти од ѕидовите.
Видео снимки од настанот се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа дека навивачите скандираат, удираат по столиците, пеат и се однесуваат како на спортски натпревар, а не на културен настан во установа за чија изградба беа потрошени околу 40 милиони евра.
Кога започна дивеењето, јас му се јавив на Груби и го замолив тој, како авторитет, да апелира посетителите да се смират и да не прават штета. Неговиот одговор беше дека тие само си пеат навивачки песни, ќе рече тогаш директорката на театарот Симона Угриновска.
За тоа „само пеење“, погодете кому му беше испеана последната песна.
Како да е на утакмица Груби продолжи да се однесува и понатаму. Па, кога завладеа со Министерството за политички систем и односи со заедниците, знаете онаа нова зграда со најкич мебел кој наши пари може да купат, ја покажуваше својата моќ играјќи баскет со другарите од партија.
Eх, што журки паѓаа во таа зграда, која се користеше и за партиски цели, па роденденски прослави за лидерот, се пушеше, ама не се пиеше, се гостеа албански ансамбли и тамбураши, се правеа и собиранки сред корона…
Ама којзнае, можеби грешиме, може Артан навистина е скромно момче. Еве, нека кажат и другите што мислат за него:

На крајот на денот, тој иако вицепремиер, има само една 20 години стара „цитроен ксара“ вредна илјада евра. Може и затоа пешки мораше да ја премине границата.
Зборуваме за случајот кога му го запалија скапото ауди, со флешери и затемнети стакла, за кое рече дека било на комшијата. Па, дури и се извини на соседите за предизвиканиот стрес само поради неговата функција.
Ако имате потреба, јас преку мои пријатели ќе ви помогнам да си земете возило за приватни потреби, како што на мене ми излагаат во пресрет, ќе ни рече тогаш тој.
Секогаш беше поготвен да расчисти некој случај со само еден повик:
Верува во младите:
Секогаш ги поддржува нашите:
За малку и да ни зафали.