<span lang="EN-US" style="mso-ansi-language:EN-US">Пет колони
и стотици автомобили од рано утринава чекаат на граничниот премин „Богородица“
да поминат граница и продолжемиот викенд да го поминат кај јужниот сосед.</span>
<span lang="EN-US" style="mso-ansi-language:EN-US">Иако од
АМСМ известуваат дека нема подолги задржувања за излез од државата, сепак,
патници сведочат дека се чека и по 45 минути, а колоните се километарски.</span>
<span lang="EN-US" style="mso-ansi-language:EN-US">Повод за
одењето во Солун е неработниот петок. Заминувањата на продолжен викенд започнаа
од вчера кога наплатните рампи беа блокирани, особено, рампата „Миладиновци“ за
излез од Скопје.</span>