Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

Познат идентитетот на настраданиот во пукањето во Чаир

6 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во саботата вечерта, во скопската населба Чаир, се случил инцидент на пукање во кој маж со иницијали А.Б. беше повреден. Овој настан се одвивал во непосредна близина на супермаркетот „Веро“, на крстосницата помеѓу „Џон Кенеди“ и „Цветан Димов“.

Според најновите информации, А.Б. се здобил со четири прострелни рани и е во тешка здравствена состојба. Тој веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар „Сети. Наум Охридски“, каде се бори за својот живот.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), повредениот бил транспортиран во ГОБ „Свети Наум Охридски “за укажување помош. МВР дополнува дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

По пукањето, на улицата „Џон Кенеди“ ноќеска се забележуваше силно полициско присуство, а на терен беа присутни и специјалци. Дел од медиумите објавија видеа кои покажуваат зголемено полициско обезбедување во овој дел на Чаир. Според пријавеното, во повредениот било пукано од возило „пасат“.

Министерството за внатрешни работи потврди дека инцидентот се случил на 05.10.2024 во 20:20 часот, кога било пријавено повредено лице од огнено оружје.

„На 05.10.2024, во 20:20 часот, пријавено е дека на улицата Цветан Димов во Скопје е повредено лице од огнено оружје. Според пријавеното, повредениот бил застрелан од возило „пасат“. Тој е пренесен во ГОБ Св. Наум Охридски за медицинска помош. МВР работи на расчистување на случајот.“

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ