ТВ21 <a href="https://tv21.tv/50-vjecari-humbi-jeten-pas-te-shtenave-ne-haracine-19-vjecari-lufton-per-jete/">јавува</a> дека 50-годишен маж им подлегна на повредите здобиени во вечерашното пукање во Арачиново, а 19-годишник се бори за живот во државниот клинички центар каде во моментов е на итна операција.
Според првични информации, се работи за татко и син врз кои е пукано од автомобил во движење.
Од МВР информираат, "На 01.11.2024 година околу 19:00 часот од Ургентниот центар „Мајка Тереза“ било пријавено дека со прострелна рана биле донесени С.А. и А.А. од село Арачиново, кои биле застрелани со огнено оружје во истото село од две лица кои биле во автомобил 'Ауди'."