Денеска (12.12.2024) во 01.30 часот на локалниот пат Богородица – Стојаково, на место викано „Табла“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Ј.Т.(29) од Република Турција.
При преглед во возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти, од кои три од Сирија, три од Авганистан и две од Ирак, соопштија од МВР.
Мигрантите биле предадени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.