ДУИ е поразен,
Груби не е доволно да си замине од политиката туку да ги врати парите за кои се
сомничи за криминал. Воедно потребна е одговорност на сите оние кои во ДУИ му
даваа политичка поддршка и СДС кои му беа оперативци во криминалот, изјави
Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Артан Груби не
бил сам во случаите на сомнежи за криминал. Тој имал свои соучесници кои мора
да одговараат.
Не е можно Артан
Груби да се сомничи за криминал, а Али Ахмети да е чесен. Треба да одговара и
Ахмети за сето она што им го направи на граѓаните на Македонија и Албанците кои
ги злоупотребуваше и се богатеше на нивен грб како и Македонците кои здружно со
СДС ги крадеа.
Борбата на ДУИ и
СДС е за спас на криминалци како Артан Груби, затоа создаваат атмосфера на
етнички тензии. Циркусот пред Уставен суд беше само за дефокусирање од
криминалите на ДУИ и СДС кои забрзано излегуваат на виделина.
Сега откако
помина 11, ништо не се случи и ДУИ се демаскирани. ДУИ и СДС 7 години го имаа
запоседнато судството. Врвот на овие партии а најмногу Артан Груби влијаеле на
судски одлуки. 7 години судска одлука не смееше да се донесе без одобрение на
ДУИ и СДС.
И ДУИ и СДС
знаеја дека Уставен нема да донесе никаква одлука и затоа што сите 9 судии
токму ги избраа тие, но намерно создаваа тензии, за да го вознемируваат народот
и да дефокусираат од нивните криминали.
Се што прават ДУИ
и СДС е за бегство од одговорност. Политичките криминалци и во двете партии
треба да знаат дека не можат да избегнат одговорност, и дека ќе се соочат со
последиците на своите дела, рече Петрушевски.