Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

Мотоциклист и негов малолетен сопатник повредени во сообраќајка во Гостивар

8 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На 07.08.2024 во 14.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на крстосница на кеј „Братство – единство“ со улица „Панче Попоски“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(30) од гостиварски Балиндол и мотоцикл „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Ј.И.(36) од Гостивар.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мотоциклот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар, информира МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ